НАДЛЕЖНОСТИ

Општа одредба на Државен комунален инспекторат

Постапка на вршење на инспекциски надзор над:

Правни и физички лица кои вршат комунални дејности од значење за Републиката согласно Законот за комунални дејности и тоа:

  • Јавни претпријатија за вршење на комунални дејности  основани од Владата на Република Македонија,
  • Правни и физички лица на кои Владата на Република Македонија им има доверено вршење на соодветна комунална дејност со дозвола – лиценца за вршење на соодветна комунална дејност како што се:
    • управители на гробишта,
    • оператори на погребални услуги и
    • носители на дозвола за одржување на јавна чистота

и инспекциски надзор во итни случаи над погоре наведените субјекти кои поради одлагање на вршење на одредена комунална дејност може да предизвикаат опасност по животот и здравјето на луѓето и објектите (прекин на давање на комунална услуга поради виша сила и други причини кои не можеле да се предвидат или во случај на штрајк на давателот на улсуга).

>>Инспекцискиот надзор ќе биде насочен посебно над правни и физички лица за тоа дали субјектите постојано ги исполнуваат условите за поседување на соодветна дозвола за вршење на одделна комунална дејност, како и инспекциски надзор над правните и физички лица во смисол на тоа дали вршењето на надлежностите го спроведуваат согласно тековната состојба на дејностите наведени во Централниот регистар на Р.М.<<